Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека Вашингтон се одлучува за „неодговорна воена авантура“ секој пат кога ќе се најде дипломатско решение на маса.
„Дали ова е груба тактика на притисок? Или е резултат на „спојлер“ кој повторно го измами американскиот претседател да влезе во уште една неволја“, наведе Аракчи во објава на социјалната мрежа X.
Според него, исходот е ист, без оглед на причините.
– Иранците никогаш не се поклонуваат пред притисокот, а дипломатијата е секогаш жртва. Исто така, ЦИА греши. Нашиот инвентар на ракети и капацитетот на системот за лансирање не се на 75 проценти во споредба со 28 февруари. Точната бројка е 120 проценти. Што се однесува до подготвеноста да го браниме нашиот народ, таа е 1.000 проценти, заклучи Аракчи.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави претходно денес дека прекинот на огнот меѓу САД и Иран останува на сила откако двете страни разменија оган синоќа во Ормускиот теснец.












