САД и Иран би можеле да постигнат договор денеска за повторно отворање на Ормускиот теснец и да дозволат слободен премин за трговски бродови. Американскиот министер за финансии Скот Бесант рече преговорите со Иранците се во тек.
„Постои можност денес или утре да постигнеме договор за отворање на теснецот и враќање во понормална состојба во овој конфликт“, рече Бесант во интервју за CNBC.
Американскиот министер за финансии рече дека евентуалниот договор би вклучувал слобода на навигација низ Ормускиот теснец, одговарајќи на прашањето дали на Иран ќе му биде дозволено да наплаќа за премин на бродови.
„Тоа би била слобода на движење“, рече Бесант, додавајќи дека ситуацијата во регионот останува „нестабилна“, но дека во последните денови се забележани голем број бродови како минуваат низ него.
По изјавите на Бесант, цените на американската сурова нафта паднаа за околу четири проценти, на ниво под 77 долари за барел.












