Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека финансиските институции мобилизирале 217 милијарди долари за поддршка на безбедноста и одбраната на Алијансата, додавајќи дека ова е „само почеток“.
Зборувајќи на панелот „Повик за акција“ на Форумот за одбранбена индустрија, кој се одржува пред самитот на НАТО во Анкара, Руте беше придружуван од претставници на банки и финансиски институции, вклучувајќи ги BNP Paribas, Канадската банка за развој на бизнисот, Citi, Банката на Данска, Фондот за иновации на НАТО, NatWest, PKO Bank Polski и други, објави Ројтерс.
Во Анкара се одржува дводневен самит на НАТО, на кој присуствуваат лидерите на 32-те земји-членки на Алијансата.












