вторник, јули 7, 2026
Дома СВЕТ Масовното присуство на погребните церемонии не е тест за популарноста на Исламската...

Масовното присуство на погребните церемонии не е тест за популарноста на Исламската Република: Иранците го оплакуваат ајатолахот, но незадоволството и понатаму тлее

0
epa13094345 A handout photo made available by the Iranian supreme leader's office shows Iranians take part during the funeral ceremony of the late Iranian Supreme Leader Ayatollah Ali Khamenei in city of Qom, Iran, 07 July 2026. Iran is set to hold a multi-day state funeral from 04 to 09 July 2026 for the Iranian supreme leader assassinated on 28 February. EPA/HANDOUT HANDOUT RESTRICTIONS: ISRAEL OUT - NO ACCESS ISRAEL MEDIA/PERSIAN LANGUAGE TV STATIONS OUTSIDE IRAN/STRICTLY NO ACCESS BBC PERSIAN/VOA PERSIAN/MANOTO TV/IRAN INTERNATIONAL TVHANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Висок свештеник минатата недела изјави дека величината на собирите, потпомогната од попустите за транспорт, храна и сместување е замислена како референдум за Исламската Република, додека властите ги претставуваат масите како порака за пркос и моќ и до странските непријатели и до домашните критичари. Висок функционер за „Ројтерс“ признава дека луѓето присуствуваат од различни причини, вклучувајќи верска должност и поддршка за државата, и дека многу од оние на улиците се истите луѓе кои секогаш доаѓаат на демонстрации организирани од властите во поддршка на официјални кампањи и политики

 

 

Иранските теократски владетели мобилизираа маси револуционерни верници на улиците на Техеран на погребните церемонии за врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, но зад таа демонстрација на единство останува нејасно дали ги решиле длабоките внатрешни поделби околу економијата и државната репресија. Висок свештеник минатата недела изјави дека величината на собирите, потпомогната од попустите за транспорт, храна и сместување е замислена како референдум за Исламската Република, додека властите ги претставуваат толпите како порака за пркос и моќ и до странските непријатели и до домашните критичари. Сепак, иако Техеран во понеделникот беше полн со ужалени – според снимките од беспилотно летало имало стотици илјади – аналитичарите, па дури и високи ирански функционери предупредуваат дека бројот на собрани луѓе не може да се изедначи со поддршката на јавноста за продолжување на теократското владеење.

– Ако некој мисли дека ова е лакмусов тест за популарноста на Исламската Република, историјата ни кажува поинаку. Тоа е погреб, а Иранците се многу добри во организирањето погреби, изјави за „Ројтерс“, Али Ансари, професор по модерна историја на Универзитетот Сент Ендрус во Шкотска.

Новинари на „Ројтерс“ разговарале и со луѓе кои присуствуваа на собирите, кои рекле дека биле таму само како набљудувачи или мотивирани од чувство на верска должност во земја со силна шиитска муслиманска традиција, а не за да покажат политичка лојалност. Еден од нив изјавил дека неговото присуство не значи дека е за режимот, туку, едноставно, сака да биде сведок на историјата. Сепак, властите можат да сметаат на стабилна база на идеолошка поддршка, која аналитичарите често ја проценуваат на околу 15 до 20 проценти од населението од 93 милиони жители, врз основа на поддршката за тврдокорните кандидати на изборите.

Хамнеи, убиен на 28 февруари, не можеше да биде погребан порано поради војната, и покрај исламските правила кои налагаат брз погреб. Сепак, одложувањето им даде време и на властите да испланираат голем државен настан.

– Ако не ги почитуваме нашите лидери, светот нема да нè почитува, рече 51-годишниот Хушанг Дабири, објаснувајќи зошто патувал од Шираз до Техеран за погребот.

Еден висок функционер за „Ројтерс“ признава дека луѓето присуствуваат од различни причини, вклучувајќи верска должност и поддршка за државата, и дека многу од оние на улиците се истите луѓе кои секогаш доаѓаат на демонстрации организирани од властите во поддршка на официјални кампањи и политики.

Но, четири месеци војна со САД дополнително го осиромашија населението кое веќе живееше во економија под притисок од години санкции, додека платите на граѓаните исчезнуваат под товарот на високата инфлација и девалвацијата на валутата.

– Не присуствував на церемонијата. Зошто да бидам дел од нивната режирана претстава? Наместо на вакви погреби, нека размислат за економските проблеми на луѓето. Ние страдаме, изјави Меријам, 33-годишна домаќинка од Техеран, за „Ројтерс“.

Гневот поради економијата го поттикна најновиот бран масовни протести низ целата земја, кои подоцна ескалираа во поотворени барања за крај на теократската држава, која безбедносните сили ја задушија во јануари, убивајќи илјадници демонстранти. Уште еден поранешен висок функционер, кој присуствуваше на погребните настани оваа недела, опиша различни табори во Иран, вклучувајќи ги и оние што не се ниту поддржувачи ниту противници на Исламската Република, туку се водени првенствено од економски проблеми. Тој го спореди погребот со оној на татко во семејство.

– Децата присуствуваат на погребот, но потоа почнуваат нивните спорови, рече тој.

 

 

ИЗДВОЕНИ