четврток, ноември 19, 2026
Дома СВЕТ Рускиот „нуклеарен куфер“ забележан во Кина: Руски функционер потврди за што станува...

Рускиот „нуклеарен куфер“ забележан во Кина: Руски функционер потврди за што станува збор/ВИДЕО

0
Фото: screenshot X

Рускиот „нуклеарен куфер“, позната како „Чегет“, беше снимен при пристигнувањето на рускиот претседател Владимир Путин во кинескиот град Шенжен, каде што тој присуствува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

На снимката, направена од руски новинар, се гледаат членови на делегацијата на Путин како носат “актовка“ која е дел од рускиот систем за нуклеарна команда.

Особено внимание привлече моментот кога новинарот директно го праша еден од припадниците на обезбедувањето дали ја носи нуклеарната актовка. Припадникот на обезбедувањето потврди дека, всушност, станува збор токму за тој уред.

За време на самитот во Кина, се очекува Путин да се сретне и со американскиот претседател Доналд Трамп, како и со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Што точно претставува „Чегет“?

„Чегет“ е името на преносен уред кој е дел од рускиот систем за нуклеарна команда и контрола. Неговата функција е да овозможи безбедна комуникација помеѓу највисокото државно и воено раководство на земјата и системот што управува со рускиот нуклеарен арсенал.

Овој уред му овозможува на рускиот претседател – без оглед на тоа каде се наоѓа во моментот – да одржува врска со воените структури одговорни за нуклеарните сили.

Важно е да се нагласи дека самата актовка не е ниту нуклеарно оружје, ниту уред преку кој може самостојно да се изврши нуклеарен напад. Напротив, таа претставува компонента на поширок команден систем кој овозможува донесување и пренесување одлуки поврзани со рускиот нуклеарен арсенал.

ИЗДВОЕНИ