Во напад со руски дрон извршен утрово врз украинскиот град Никопол во регионот Дњепропетровск загинаа пет лица, а 19 беа повредени.
Целта на нападот беше градскиот пазар, соопшти Канцеларијата на генералниот обвинител.
Според соопштението, руските сили го нападнале пазарот во Никопол со дрон денес околу 9:50 часот. Нападот ги оштетил продажните места на пазарот.
Едно лице е убиено, а тројца се повредени во руски напад врз постојка за јавен превоз во округот Корабелни во Херсон, изјави началникот на Регионалната воена администрација во Херсон, Александар Прокудин.
Според него, нападот се случил околу 11 часот, кога руските сили отвориле оган врз постојка за јавен превоз, објави „Укринформ“.
Во нападот загина жена, чиј идентитет сè уште не е утврден.
Две жени, на возраст од 41 и 48 години, беа повредени и однесени во болница со рани од шрапнели, контузии и повреди на главата.
Дваесет и четиригодишен болничар кој им пружал помош на повредените, исто така, беше повреден за време на вториот напад, соопштија регионалните служби за итни случаи, пренесе „ЦДМ“.












