сабота, јуни 6, 2026
Дома БАЛКАН Вучиќ: Ќе се кандидирам за премиер само ако истражувањата покажат дека нема...

Вучиќ: Ќе се кандидирам за премиер само ако истражувањата покажат дека нема друго решение

456
EPA/ANDREJ CUKIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека ќе ја прифати кандидатурата за премиер ако истражувањата покажат дека нема друго решение за неговата политичка опција да остане на власт.

„Би сакал тие да бидат луѓе на кои им верувам, во смисла дека знам дека нема да ја уништат Србија, а ќе ја прифатам кандидатурата само ако истражувањата покажат дека нема друго решение и дека некој друг, токму оние што го извршија тој образовен геноцид и злосторство и многу други работи против нашата земја, би победиле ако не се кандидирам“, рече Вучиќ.

„Значи, многу рационален одговор, немам што друго да ви кажам за ова прашање, и соодветно на тоа, кога ќе ги слушнеме сите други луѓе, ќе донесеме одлука“, изјави Вучиќ за „ТВ Информер“.

Вучиќ беше премиер и претседател, на секоја од функциите по два мандата.

Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, вчера изјави дека владејачката Српска напредна партија ќе го замоли Вучиќ да биде кандидат за премиер на предвремените парламентарни избори.

Со оглед на тоа што српскиот Устав не му дозволува да се кандидира за трет претседателски мандат, овој потег се смета за начин да остане на власт по завршувањето на неговиот мандат.

Вучиќ ја објави можноста за одржување предвремени парламентарни избори, а најраните што би можеле да се одржат се на 31 мај 2026 година, пренесува „Хина“.

ИЗДВОЕНИ