Руските воени сили нападнаа два транспортни брода што превезуваа воена опрема за украинските вооружени сили во Црното Море, соопшти денес руското Министерство за одбрана.
„Товарниот брод, кој доставуваше воен и двоен товар во пристаништето Одеса, беше погоден при преминување на морето“, се вели во соопштението, кое го пренесе Интерфакс.
Дополнително, беше погоден и брод што пловел кон пристаништето Николаев.












