четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Русија ја обвини Украина за напад врз нуклеарната централа, Медведев се закани...

Русија ја обвини Украина за напад врз нуклеарната централа, Медведев се закани дека ќе нападне членки на НАТО

296
EPA/SERGEI ILNITSKY

Русија ги обвини украинските воени сили дека користеле дрон за гаѓање на нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руските сили во Украина.

Откако зградата на турбинската сала во оваа нуклеарна централа беше погодена од дрон, реагираше Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија.

„Катастрофалниот колапс на реакторската сала на нуклеарната централа Запорожје би довел до нуклеарна несреќа од размери како Чернобил, што не би било ништо подобро од употребата на тактичко нуклеарно оружје“, рече Медведев.

Во остатокот од пораката, тој им се закани на Украина, но и на земјите-членки на НАТО.

„Русија би можела да одговори на таквата акција со започнување удар „око за око“ врз нуклеарна централа која се наоѓа на територија контролирана од Украина или во една од земјите на НАТО кои го снабдуваат Киев со оружје“, рече Медведев.

Украина официјално негираше дека нуклеарната централа била цел на напад од страна на нејзините сили.

„Нашите војници се придржуваат до правилата утврдени со меѓународното хуманитарно право и се свесни за последиците од каква било воена активност во близина на електраната“, наведоа тие во нивната реакција.

ИЗДВОЕНИ