Русија изврши ракетни напади врз Киев и Одеса во текот на ноќта, соопштија локалните власти во Украина, додавајќи дека неколку лица се повредени.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави на социјалните мрежи дека нападите предизвикале пожари во две населби во градот и дека две лица се повредени.
„Непријателот го напаѓа Киев со балистички ракети. Останете во засолништа!“, напиша Кличко на „Телеграм“.
Ракетниот напад врз пристаништето Одеса повреди 10 лица, изјави регионалниот гувернер Олег Кипер.
Нападите се случија додека во тек беше самитот на НАТО во Анкара, на кој беше поканет украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Руското Министерство за одбрана утрово соопшти дека „започнало координиран напад со употреба на прецизно копнено оружје врз објекти на украинскиот воено-индустриски комплекс лоциран во градот Киев“.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави на социјалните мрежи дека неколку лица се повредени во руските воздушни напади.
Руското министерство на социјалните мрежи соопшти дека погодило фабрика во сопственост на „Самсунг Украина“ каде што „се произведувале и складирале компоненти за ракети „Фламинго“, како и работилница за склопување беспилотни летала со долг и среден дострел.
Украинските власти не ја потврдија информацијата, пренесува „Бета“.












