Најмалку неколку верници се онесвестија за време на миса во капелата на замокот во Бад Грененбах, во баварскиот регион Алгој, откако дефект на системот за греење предизвика труење со јаглерод моноксид. Според спасувачките служби, 19 лица, меѓу кои и две деца, биле отруени, а четворица се во сериозна состојба.
Полицијата во Кемптен соопшти дека повикот за помош бил примен околу 10:50 часот наутро. Во капелата во тој момент се одржувала миса на Свештеничкото братство на Свети Петар, кога неколку верници одеднаш ја изгубиле свеста и паднале на подот.
На местото на настанот биле испратени голем број противпожарни и медицински екипи. Портпаролот на баварскиот Црвен крст, Сохраб Тахери-Сохи, изјавил дека во инцидентот учествувале повеќе од 50 лица.
Полицијата соопшти дека меѓу 19-те лица за кои е пријавено дека се отруени се две деца. Дополнителни информации за состојбата на децата и прогнозата за закрепнување на тешко отруените сè уште не се објавени.
Јутарњи лист, повикувајќи се на австрискиот „Кронен цајтунг“, објавува дека четири лица се во сериозна состојба.












