Поранешниот британски тенисер, Грег Руседски, изрази сериозна загриженост за формата и подготвеноста на Карлос Алкараз по серијата повреди.

Шпанецот беше принуден да се повлече од турнирите во Мадрид, Рим и Ролан Гарос, што дополнително го наруши неговиот ритам.

  • Кога ќе го пропуштите Париз, па уште неколку недели поради повреда, тоа станува сериозен проблем, истакна Руседски.

Според него, паузата може да достигне повеќе од еден месец, што отвора дилеми околу подготовката за тревната сезона. Главното прашање е дали Алкараз ќе има доволно време да се подготви за Вимблдон.

Руседски потенцира дека разликата меѓу земјена и тревна подлога е огромна, што дополнително ја комплицира ситуацијата.

  • На земја размените се долги, додека на трева се пократки, но поинтензивни, објасни тој.

И покрај сомнежите, Руседски се надева дека Алкараз ќе успее навреме да се врати и да го фати потребниот натпреварувачки ритам.

ИЗДВОЕНИ