сабота, ноември 14, 2026
Дома СВЕТ „Ројтерс“: Трамп им соопштил на советниците дека нема да го нападне Иран,...

„Ројтерс“: Трамп им соопштил на советниците дека нема да го нападне Иран, освен ако нема нови провокации

0
Фото: EPA/LAURA BRETT

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, им соопштил на своите советници дека ќе се воздржи од напад врз Иран, под услов САД да не се соочат со нови провокации од Техеран или од бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, објави денеска „Ројтерс“, повикувајќи се на повеќе извори.

За време на состаноците со советниците за национална безбедност и по серијата разузнавачки брифинзи, Трамп навестил дека размислува за одложување на нападот; сепак, неименувани официјални лица наведуваат дека тој сè уште нема донесено конечна одлука за тоа како да го реши конфликтот со Иран, кој започна во февруари.

Според еден висок американски функционер и уште едно лице запознаено со ситуацијата, Трамп побарал мислење од саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на телефонски разговори во текот на изминатите две недели – при што и двајцата го советувале да не започнува напади врз Иран, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ