вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Ројтерс: НАТО размислува за поретки самити, прекинување на годишните собири

Ројтерс: НАТО размислува за поретки самити, прекинување на годишните собири

67
EPА/TOMS KALNINS

НАТО разгледува промени во динамиката на самитите, вклучително и можноста за поретко собирање на лидерите или укинување на практиката на годишни самити, а меѓу опциите е да не се одржи состанок на лидерите во 2028 година, изјавија извори за Ројтерс, оценувајќи дека со тоа би се избегнале политички тензии во последната година од мандатот на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп.

Според нив, некои членки се за забавување на темпото на состаноците, кои се одржуваат секоја година од 2021 година, додека следниот самит е закажан за 7-8 јули во Анкара.

Еден дипломат изјави дека самитот планиран за 2027 година во Албанија би можел да се одржи на есен, додека се разгледува и опцијата воопшто да не се одржи самит во 2028 година, што се совпаѓа со претседателските избори во Соединетите Американски Држави и последната година од мандатот на Трамп.

ИЗДВОЕНИ