четврток, октомври 8, 2026
Дома СКОПСКА Реконструирани три занимални во градинката „Детелинка“

Реконструирани три занимални во градинката „Детелинка“

31

Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестициите во подобрување на условите за престој, воспитување и развој на најмладите. По цели 40 години, целосно се реконструирани три занимални во клонот „Детелинка“, со што децата и вработените добиваат значително подобри, побезбедни и посовремени услови.

Од Општината соопштија дека во рамките на реконструкцијата се поставени околу 200 квадратни метри нов под, целосно се обновени ѕидните површини, а изведена е и нова електрична инсталација.

– Со оваа инвестиција се подобрува функционалноста и безбедноста на просториите, но пред сè се создава попријатна и поквалитетна средина за секојдневниот престој на децата. Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирано унапредување на условите во детските градинки и училиштата, затоа што инвестицијата во децата е инвестиција во иднината на нашата општина – наведуваат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ