Инспекторите од Општина Бутел, вчераутро, констатирале дека несовесниот граѓанин кој узурпирал државен имот и исекол столб од општинско осветлување во Скопје Север, вратил сè во првобитна состојба.
– Дали надвладеал разумот или стравот од соочување со законот, воопшто не е важно. Важно е дека нема узурпација и не е оштетен државен имот – истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Тој повика на разум и одговорност.
– Државниот имот не смее да биде узурпиран ниту оштетуван. Законот важи за сите и никому нема да му биде прогледано низ прсти – одлучен е Костовски.












