петок, август 7, 2026
Дома СКОПСКА Реконструирана урбана опрема на детското игралиште во Нерези 

Реконструирана урбана опрема на детското игралиште во Нерези 

1

Општина Карпош продолжува со реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на своја територија.

-Во изминатиот период се работеше во УЗ „Нерези“, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа реконструирани се детските реквизити, поставен е нов песок, со што ова детско катче доби нов, модерен лик. Исто така, во рамките на овој спортско-рекреативен комплекс, се заменија и дотраените даски на летниковецот – соопштија од локалната самоуправа.

Од Општината велат дека и во наредниот период ќе продолжи со интензивна динамика да инвестира во реконструкција и модернизација на детските игралишта и урбаната опрема, со цел создавање поквалитетни и побезбедни услови за своите граѓани.

ИЗДВОЕНИ