Народната банка ги објави позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците. Имено, кај депозитите има годишен раст на просечаната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 п.п., при што во април таа изнесува 2,20%.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, пак, бележи годишен пад од 0,40 п.п. и во април изнесува 5,11%.

Во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,87% и оствари пад од 0,39 п.п. и 1,60 п.п., на месечно и на годишно ниво, соодветно.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,34% и бележи месечен раст од 0,10 п.п., додека на годишна основа е намалена за 0,20 п.п.

Од Народната банка соопштија и дека вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во првиот квартал на 2025 година изнесуваат 265.616 милиони денари и се зголемени за 10.509 милиони денари, на квартално ниво. Останатите финансиски институции учествуваат со 21,9% во средствата на финансиските институции.

Анализирано по потсектори, пензиските фондови имаат најголемо учество од 64,0% во вкупните средства на ОФИ, а по нив следуваат осигурителните друштва со учество од 15,3%.

Најголемиот дел од средствата на ОФИ се вложувањата во должнички и сопственички хартии од вредност (учество од 51,9% и 25,2%, соодветно), додека на страната на обврските, најголем дел се однесува на техничките резерви на осигурувањето и на капиталните сметки (учество од 53,0% и 37,0%, соодветно).

 

 

ИЗДВОЕНИ