
Русија ги има сите потребни сили успешно да ја заврши војната во Украина без употреба на нуклеарно оружје, без разлика колку е провоцирана да се прибегне кон него, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Тие сакаа да нè провоцираат, сакаа да направиме грешки“, рече Путин во интервју за новинарот Павел Зарубин, објави ТАСС.
Кога беше прашан за употребата на нуклеарно оружје во војната во Украина, Путин рече дека „немало потреба“ да се користи нуклеарно оружје и дека „се надева дека нема да биде потребно“.
„Имаме доволно сила и ресурси да го доведеме она што беше започнато во 2022 година до логичен крај со резултатот што му е потребен на Русија“, заклучи Путин, објави Танјуг.