Путин нареди прекин на огнот!

85
EPA-EFE/KRISTINA KORMILITSYNA/

Претседателот Владимир Путин прогласи Велигденски прекин на огнот на средбата со началникот на Генералштабот на вооружените сили Валериј Герасимов.

Шефот на руската држава нареди запирање на сите борбени операции за време на велигденското примирје, пренесува РИА.

„Водени од хуманитарни причини, денеска од 18 часот до полноќ, од недела до понеделник, руската страна прогласува Велигденски прекин на огнот. Наредувам прекин на сите борбени активности во овој период“, рече Путин.

Примирјето стапува на сила денеска во 18 часот.

Руските вооружени сили треба да бидат подготвени да одговорат на можни прекршувања и провокации од страна на непријателот, прецизираше Путин.

Текот на прекинот на огнот ќе ја покаже подготвеноста и способноста на режимот во Киев да го реши прашањето по мирен пат, нагласи Путин.

ИЗДВОЕНИ