Најмалку три лица се убиени, а две се ранети во пукање во Ајдахо, објави денес локалната полиција и потврди дека осомничениот за пукањето е убиен за време на полициска интервенција.
Пукањето се случило во саботата во ресторанот „In-N-Out“ во градот Твин Фолс, Ајдахо, соопштија властите, пренесува „Ен-би-си њуз“.
– Најмалку две лица се повредени во насилниот инцидент, но тој број може да се зголеми – изјави портпаролот на Твин Фолс, Џош Палмер.
Шефот на полицијата на Твин Фолс, Метју Хикс, изјави дека осомничениот стрелец е убиен за време на полициска операција, но не е јасно дали осомничениот е една од трите потврдени жртви.
„Идентитетот на осомничениот и можниот мотив за пукањето сè уште се утврдуваат. Веруваме дека заканата за нашата заедница поминала“, рече Хикс на прес-конференција.
Полициските службеници одговорија на пријавите за пукање околу 14:30 часот по локално време во близина на ресторанот „Ин-Н-Аут“ на Северниот булевар „Блу Лејкс“, потврди локалната полиција.












