среда, септември 23, 2026
Дома СВЕТ Првенство за роботи-воини во Кина – ќе се борат со пожари, поплави...

Првенство за роботи-воини во Кина – ќе се борат со пожари, поплави и урнатини

0

Според Административниот комитет на Пекиншката област за економско-технолошки развој, во Пекинг овој октомври ќе се одржи шампионат на роботи-воини на кој ќе учествуваат и хуманоидни и четвороножни роботи.

Роботите ќе се натпреваруваат во спасувачки операции за време на вонредни состојби и природни катастрофи – како што се земјотреси, поплави и пожари – и ќе извршуваат задачи во средини со висок ризик. Дополнително, овие интелигентни машини ќе ги демонстрираат своите вештини во следењето и управувањето со урбаната инфраструктура, објавува „Глобал Тајмс“.

Настанот има за цел да го забрза развојот и распоредувањето на роботиката во услови на реалниот свет.

Програмата на шампионатот вклучува 14 видови предизвици базирани на пречки.

Според сценариото на натпреварот, роботите ќе се искачуваат по стрмни падини и ќе се движат низ урнати мостови и низ урнатини.

Досега, 24 тима се регистрирани за натпреварот. Тие ќе се натпреваруваат во шест категории врз основа на методите на контрола (далечинска или автономна навигација) и типот на возило (хуманоидно, четвороножно или на тркала).

Хуманоидните роботи на шампионатот ќе извршуваат задачи како што се отворање врати, деактивирање експлозивни направи, затворање вентили и гаснење пожари. Други машини ќе бидат тестирани на инспекции на тунели, враќање на електричната енергија, реагирање во итни случаи поврзани со вода и испорака на товар преку пречки.

За да ги подготват учесниците, организаторите ја лансираа платформата за обука „BotWorld“, која им нуди на роботите 14 симулации на ситуациски задачи што опфаќаат навигација на терен и интерактивни операции. Тимовите ќе имаат пристап до материјали за обука и ќе можат виртуелно да ги вежбаат потребните вештини.

Високотехнолошката компанија Шангјченг во Пекинг ќе биде домаќин на натпреварот „Robot Warrior Challenge“ на 17 и 18 октомври, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ