Во близина на гевгелиското село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при РЦ за ГР Југ вчера во 16:50 часот го лишиле од слобода Б.К.(39) од Скопје, откако при преглед во возилото „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои пет од Авганистан и две од Египет.
Пронајдени девет лица мигранти кај Гевгелија, лишени од слобода двајца криумчари за кои следува соодветна пријава
Околу 18:30 часот биле обезбедени уште две лица мигранти од Египет кои биле дел од групата, а кои не влегле во возилото на место викано Краварски пат. Во врска со настанот, а поради сомнение за сторено кривично дело по член 418 – Б од Кривичниот зкаоник, на 12.10.2026 во 00:05 часот од слободса бил лишен и 17-годишник од Египет со привремен престој во Грција.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а Б.К. и 17-годишникот се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.












