среда, август 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје, досега еден починат...

Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје, досега еден починат од вирусот

0

Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска на подрачјето на следните делови од Скопје: Кисела вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево.

Во моментот регистрирани се 26 случаи од страна на ИЈЗ, а за 24 се потврдени дека се носители на вирусот. 25 се од Скопје, а еден е од Велес. Станува збор за повозрасни мажи над 60 години, кој претежно работеле земјоделско градинарски работи во приквечерните и раноутринските часови.

На Клиниката за инфективни болести, досега се регистрирани 29 пациенти, од кои 5 се во тешка состојба и се на механичка вентилација. За жал од вирусот викендот починал 83 годишен маж кој имал и пропратни болести.

Здравствемите власти препорачуваат граѓаните да ставаат мрежи, да се прскаат со средства и да не излегуваат кога заоѓа сонцето и рано наутро.

ИЗДВОЕНИ