
Откако американскиот претседател, Доналд Трамп, го продолжи примирјето со Иран без да го одреди крајниот датум, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека вооружените сили на неговата земја се подготвени да ја бранат нацијата, но во исто време посочи дека Техеран е сè уште отворен за преговори со САД.
– Иран, внимателно следејќи ги случувањата на теренот и на политичката сцена, ќе преземе неопходни и соодветни мерки за заштита на иранските интереси и на националната безбедност, а вооружените сили се, исто така, целосно подготвени сеопфатно и решително да ја бранат иранската нација од каква било закана и од зло – се вели во соопштението што го објави официјалната новинска агенција на Исламската Република.
Прашан за можноста за нова рунда разговори со САД, Багаи рече дека Иран ќе почне преговори „штом заклучиме дека постојат неопходни и логични основи за користење на таа алатка за остварување на нашите национални интереси“.
Трамп се закани дека може да го прекине примирјето дадено Иран да се одлучи да седне на преговарачка маса. Но, во државата постои несогласување меѓу дипломатите и Иранската револуционерна гарда – ИРГЦ, така што се верува дека постои раскол околу стратегијата на државата.
Медиумите наведуваат дека преговорите меѓу САД и Иран технички продолжуваат, но во Техеран нема еден центар на одлучување што може да потпише договор – дипломатите преговараат во Исламабад, но ИРЦГ одлучува во Техеран.











