понеделник, септември 21, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Презентирани активностите за заштитита и промоција на овој наш уникатен камен –...

Презентирани активностите за заштитита и промоција на овој наш уникатен камен – македонскиот рубин

0

На прес-конференцијата во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска беа презентирани активностите за заштитита и промоција на овој наш уникатен камен – македонскиот рубин.

Министерката Сања Божиновска информираше дека македонскиот рубин ќе добие сертификат за потеклото, квалитетот и посебните својства, но и QR код, преку чие скенирање, корисникот ќе ги добие сите информации содржани во сертификатот. Првиот код се очекува да биде изготвен до крајот на октомври.

Името македонски рубин, потенцира министерката, ќе може да се користи само кога се исполнети утврдените услови: кога е потврдено потеклото, кога постои документација, кога е извршена стручна контрола и кога производот ги исполнува критериумите утврдени со елаборатот, правилникот и законската рамка.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ