недела, јули 5, 2026
Дома СВЕТ Премиерката на Латвија поднесе оставка по контроверзноста околу залутаните украински дронови

Премиерката на Латвија поднесе оставка по контроверзноста околу залутаните украински дронови

76
Фото:википедија

Латвиската премиерка Евика Силина денес ја објави својата оставка, објави Балтичката новинска агенција.

Одлуката дојде откако левичарската Прогресивна партија, која е дел од владејачката коалиција, вчера го објави своето повлекување од владата, оставајќи ја Силина без мнозинство, пренесе „АП“.

Минатата недела, латвискиот министер за одбрана Андрис Спрудс, од Прогресивната партија, беше принуден да поднесе оставка поради начинот на кој владата се справи со повеќе инциденти поврзани со залутани украински дронови кои преминаа на латвиска територија, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ