сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Предупредување од иранскиот парламент: Купувачите на американски обврзници се легитимни цели –...

Предупредување од иранскиот парламент: Купувачите на американски обврзници се легитимни цели – ги следиме вашите портфолија и средства

177

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, издаде остро предупредување, прогласувајќи ги „финансиските субјекти што го финансираат воениот буџет на САД за легитимни цели“. Тој ја објави својата порака на социјалната мрежа „Икс“.

„Американските државни обврзници се натопени со крвта на Иранците. Ако ги купите, купувате и напад врз вашето седиште и средства“, напиша Галибаф. „Ги следиме вашите портфолија“, додаде тој, завршувајќи ја пораката со зборовите: „Ова е вашето последно известување“.

Галибаф претходно се закануваше со напади врз инфраструктурни и енергетски објекти низ целиот регион. Заканата дојде откако Трамп изјави дека САД ќе ги нападнат иранските електрани ако Техеран не го отвори целосно Ормутскиот теснец.

ИЗДВОЕНИ