петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Прашина од Сахара и валкан дожд над Македонија

Прашина од Сахара и валкан дожд над Македонија

240

Територијата на Македонија е под влијание на изразено јужно воздушно струење кое носи значителни количества прашина и песок од Сахара, поради што атмосферата е видливо заматена и загадена.

Во исто време, од југ се зголемува облачноста, што ќе донесе локални врнежи од дожд во текот на ноќта и денеска претпладне. Врнежи се очекуваат особено во западните и јужните делови од земјата, со слаб до умерен, а повремено и умерен интензитет.

Поради присуството на сахарска прашина, дождот ќе биде таканаречен „валкан дожд“, односно ќе содржи честички од песок и прашина.

Во Скопје и околината, исто така, се очекува слаб локален дожд во текот на ноќта и денеска претпладне.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури денеска ќе се движат од 5 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат од 15 до 21 степен. Во Скопје, температурата наутро ќе биде околу 9 степени, а преку ден ќе се искачи до околу 20 степени.

И покрај променливото време и врнежите, пролетните температури остануваат присутни низ Македонија, пишува Метеоаларм во најновата временска прогноза.

Африканска прашина повторно ја зафати Грција 

Голема концентрација на прашина од Африка повторно ја зафати Грција, а појавата ќе трае до четврток – јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на метеоролошки прогнози.

Прашината од пустината Сахара, која често стигнува до Грција поради географската близина со Африка, претставува значаен фактор за загадување на воздухот во регионот.

Истражување на глобалната платформа за следење на квалитетот на воздухот IQAir покажува дека концентрацијата на фини честички прав во Грција е зголемена за 30 отсто, пренесува електронското издание „Њуз авто“.

ИЗДВОЕНИ