Пожар на брод потона 3.000 автомобили кај Алјаска/ВИДЕО

200
Фото: X/AhoraMex

Три недели откако избувна пожар на товарен брод покрај брегот на Алјаска, бродот потона во Тихиот Океан со илјадници автомобили на него, објавија американските медиуми.

Сите членови на екипажот – 22 од нив – беа успешно евакуирани, а крајбрежната стража соопшти дека засега нема знаци на загадување.

Пожар избувна на 3 јуни на бродот „Морнинг Мидас“, долг 183 метри и тежок 46.800 тони, но никој од екипажот не е повреден, соопшти претходно американската крајбрежна стража.

Бродот, кој превезувал околу 3.000 автомобили, вклучувајќи 800 електрични возила, пловел под знамето на Либерија. Испловил од Кина, а неговата крајна дестинација била Мексико.

Компанијата што управува со бродот, „Зодијак Маритајм“, соопшти дека чадот прво бил забележан на палубата и дека екипажот не можел да го стави пожарот под контрола. Сепак, не е откриено кој е сопственик на бродот.

Бродот е изграден од кинеската компанија „Сјамен Шипбилдинг“.

Либерија најави истрага за причината за пожарот, додека „Зодијак Маритајм“ спроведува посебна внатрешна истрага.

И компанијата и крајбрежната стража нагласуваат дека е прерано да се извлекуваат заклучоци дали електричните возила го предизвикале пожарот.

ИЗДВОЕНИ