Последен дел од хит серијалот: Погледнете го трејлерот за „Бриџит Џонс: Луда за него“/ВИДЕО

329

Четвртиот и последен дел од филмот за Бриџит Џонс со Рене Зелвегер, Хју Грант и Колин Фирт во главните улоги ќе биде премиерно прикажан на Денот на вљубените следната година, а сега е објавен и првиот трејлер.

Реализацијата наречена „Бриџит Џонс: Луда по него“ го следи главниот лик четири години по смртта на нејзиниот сопруг Марк (Фирт), кој беше убиен за време на хуманитарна мисија во Судан.

Бриџит сега е самохрана мајка на две деца, деветгодишниот Били и четиригодишната Мејбел, а без Марк се чувствува изгубено, па нејзините верни пријатели и бившиот љубовник Даниел Кливер (Грант) и помагаат да ги одгледува децата.

На повик на пријателите кои сакаат да ја расположат, таа се враќа на работа и почнува да бара љубов на апликациите за запознавање. Таму го запознава младиот Рокстер (Лео Вудал) кој на почетокот ја освојува, но во исто време почнува да развива чувства кон учителката на нејзиниот син.

„Ова е продолжение со најмногу емоции. Многу е трогателно, но и многу смешно“, изјави неодамна Хју Грант, додавајќи дека сценариото на претстојниот филм, во споредба со првите три филма, е „најдобро“ досега.