Легендарниот НБА тренер, Грег Попович, кој има најмногу победи во историјата на клупското натпреварување  (1.422), првпат се појави во јавноста по мозочниот удар кој го доживеа пред половина година. Во своето прво јавно појавување, Попович истакна дека неговото закрепнување е во тек, но дека сè уште не е доволно добро за она што планира да го прави во иднина, поради што донел одлука да се повлече од тренерската позиција што ја извршуваше од 1996 година.

Од клубот, официјално го претставија Мич Џонсон како негов наследник на функцијата тренер на Сан Антонио Спарс, а овој момент означува почеток на една нова ера за тимот, додека Попович ќе остане претседател на клубот за кошаркарски операции. Тој своевремено три пати ја освои наградата за тренер на годината.

ИЗДВОЕНИ