Легендарниот тенисер Џон Мекенро се обиде да го оправда неуспехот на американските тенисери на најголемата сцена, но неговите зборови ќе им звучат нелогично на многумина
„Имам впечаток дека тенисот е подостапен во други земји, особено во Европа. Пристапноста, особено финансиите, се голем проблем тука. Исто така, најдобрите спортисти играат американски фудбал и кошарка. Постои голема традиција во Европа, а тука помина долго време откако имавме победник на гренд-слем“, изјави седумкратниот гренд-слем шампион за „Тенис темпл“.
Можеби ставот на Мекенро има смисла кога се зборува за тениски суперсили како Германија, Шпанија и Чешка, но примерот на Новак Ѓоковиќ докажа дека аномалиите се можни. Потребен ви е „само“ талент и збир на човечки и спортски квалитети што се раѓаат еднаш во историјата.
Соединетите Американски Држави чекаат шампион на гренд-слем веќе 23 години. Последниот најголем трофеј го освои Енди Родик на Отвореното првенство на САД во 2003 година, кога лесно го победи Хуан Карлос Ферер во финалето со 6:3, 7:6 (7:2), 6:3.
Оттогаш, тенисерот од Небраска четири пати загуби од Роже Федерер. Швајцарецот еднаш беше подобар од Андре Агаси, а потоа САД чекаа 15 години за нов финалист на гренд-слем. На Флашинг Медоус, Тејлор Фриц 2024 стигна до последната пречка, но Јаник Синер беше подобар со максимален резултат – 6:3, 6:4, 7:5.
Бен Шелтон даде посилен отпор годинава, но Александар Зверев заслужено победи со 6:3, 7:6 , 5:7, 6:2. Разочарувањето на момчето од Флорида беше очигледно, како на лицето да му беше насликана емоцијата на целата нација.
Финалистот во „Големото јаболко“ моментално е четврти на АТП-листата и е број еден на САД, а по него следуваат Франсис Тиафо (8), Фриц (10), Лернер Тиен (13), Брендон Накашима (16) и Томи Пол (19).












