петок, февруари 13, 2026
Дома СВЕТ Поплави во јужна Шпанија: Евакуирани повеќе од 350 домови, затворени училиштата и...

Поплави во јужна Шпанија: Евакуирани повеќе од 350 домови, затворени училиштата и патиштата

347

Обилните дождови предизвикаа поројни поплави во јужна Шпанија, принудувајќи ги властите да евакуираат повеќе од 350 домови, да ги затворат патиштата и да ја откажат наставата, соопштија властите.

Најкритична е ситуацијата во селото Кампанилас во близина на Малага, каде што реката се излеа од коритото, поради што синоќа беа евакуирани 365 домови, пренесе АП.

Жителите ја поминаа ноќта во локалната спортска сала.

ИЗДВОЕНИ