понеделник, јуни 15, 2026
Дома МАГАЗИН Поп-пејачот Саша Ковачевиќ ќе стане татко!

Поп-пејачот Саша Ковачевиќ ќе стане татко!

64

По свадбата во Атина!

Саша Ковачевиќ, големиот заводник, пејач, срцекршач на женските емоции и некој што имаше многу девојки во Македонија, поради што, како што велат, често настапувал кај нас, најпосле ќе се реализира во улогата на родител

Многу наши Македонки речиси да се завиени во црно. Има причина. Александар Саша Ковачевиќ, големиот заводник, пејач, срцекршач на женските емоции и некој што имаше многу девојки во Македонија, поради што, како што велат, често настапувал кај нас, најпосле застана на лудиот камен. Воедно, наскоро ќе стане родител со сопругата Зорана Тасовац. Би рекле брзо, од свадба директно во породилно, бидејќи неговата убава Зорана треба да се породи за некој месец. Мускулестиот српски поп-пејач (или Аца Фаца како што го викаат најблиските) и сексапилната Зорана пред тоа беа во успешна љубовна врска повеќе од 10 години.
Инаку, Зорана Тасовац од претходниот брак со Богдан Срејовиќ (поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ) ја има ќерката Искра. Саша неизмерно ја сака малата Искра и таа наскоро ќе добие братче или сестричка. Саша и Зорана сè уште ништо не соопштуваат за полот на идното заедничко дете. Само да е живо и здраво. Тоа им е најважно. (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ