сабота, јуни 27, 2026
Дома СВЕТ „Политички игри“ или ?: Министерот за енергетика се споменува како наследник...

„Политички игри“ или ?: Министерот за енергетика се споменува како наследник на Кир Стармер

176
Фото:википедија

Поранешниот лидер на лабуристите Милибанд, како што сер наведува, го поддржува градоначалникот на Манчестер Енди Бернам, кој претходно беше и висок член на британската влада, министер за здравје и министер за култура во владите на Лабуристичката партија, како наследник на Кир Стармер доколку биде придуден да ја напушти функцијата по бунтот на пратениците на Лабуристичката партија.

Милибанд претходно им кажуваше на своите пријатели дека не сака да се враќа на лидерската позиција и важи за можна личност што ќе одлучи за враќањето на Бурнам на власт.

Меѓутоа, како што наведува весникот, брзината на бунтот меѓу лабуристичките пратеници ја промени таа проценка, а два владини извори наведуваат дека Милибанд им кажал на колегите од кабинетот дека би бил подготвен да се канидира.

Милибанд одлучно ги демантирал тие наоди.

Извор близок до министерот за енергетика оценил дека станува збор за „политички игри“ и дека е „категорички неточно дека Ед им кажал на колегите од кабинетот дека се подготвува за кадидатура“.

Три министерски во владата на Кир Стармер, британсакта министерка за жртви и за борба против насилството над жените и девојчињата Алекс Дејвис-Џонс, британската министерка за заштита од насилство врз жените Џез Филипс и министерката за децентрализација, вера и заедници Мијата Фанбулех поднесоа претходно денеска оставки поради лошите резултати на Лабуристичката партија на изборите низ Анлгија, Шкотска и Велст одржани минатата недела.

Кир Стармер се соочува со притисок внатре во владата да ја разгледа временската рамка за своето повлекување од функцијата, откако поовеќе од 80 пратеници на Лабуристичката партија повикаа на негова оставка.

Стармер во понеделникот изјави дека тешко му паднале резултатите на лабуристите на локалните избори и дека презема одговорност з атоа, но дека нема намера да поднесе оставка, пренесе „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ