Израелската војска се огласи откако Иран ја обвини за сериозно оштетување на Институтот Пастер во Техеран, еден од најважните научни и медицински центри во земјата.
Иранското Министерство за здравство претходно соопшти дека нападот оштетил лаборатории, истражувачки оддели и административни згради во комплексот.
ИДФ: Цел ни беше воениот штаб, а не цивилните објекти
На прашање на Скај њуз, портпаролот на израелската војска рече дека целта бил воениот штаб на иранскиот режим, кој се наоѓал во близина на институтот.
„Израелската војска цел ни беше воениот штаб на терористичкиот режим во Техеран, кој режимот намерно го изгради во близина на Институтот Пастер“, рече тој.
Тој додаде дека војската дејствувала во согласност со меѓународното право и не ги таргетирала цивилните објекти. „Не ги таргетираме цивилните објекти, вклучувајќи ги истражувачките и медицинските институции кои имаат посебна заштита, туку исклучиво воените цели“, рече тој.
Портпаролот, исто така, рече дека израелската војска „остро осудува“ каква било штета предизвикана на цивилните објекти. Израелската војска претходно беше критикувана за нападите врз медицинските објекти за време на војната во Газа.












