сабота, октомври 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА По повод светскиот ден на донирањето органи: Повеќе објекти во државата осветлени...

По повод светскиот ден на донирањето органи: Повеќе објекти во државата осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот

0
Фото:фб, МЗ

По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот.

 

Како што соопштија од Министерството за здравство, за таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата. Министерството им се заблагодари за оваа симболична порака со која се дава поддршка за органодарителството и трансплантацијата.

„Светлината ја пренесува пораката дека хуманоста може да спаси животи. Секој донор е надеж. Секое „да“ е нов живот. Да ја шириме свесноста, да поттикнуваме хуманост и да даваме надеж за нов живот!“, порачуваат до Министерството за здравство.

 

ИЗДВОЕНИ