среда, август 5, 2026
Дома СВЕТ По повеќегодишна истрага: Шпанија и Еквадор открија мрежа за шверц на кокаин...

По повеќегодишна истрага: Шпанија и Еквадор открија мрежа за шверц на кокаин – извршени се 44 апсења и заплена на 21 тон дрога

0
Фото:википедија

Шпанската полиција денес соопшти дека повеќегодишна истрага, во соработка со еквадорските власти за разбивање на мрежа за шверц на дрога, довела до 44 апсења и запленување на 21 тон кокаин.

Цивилната гарда соопшти дека операцијата со Националната полиција на Еквадор, под надзор на Европол, била насочена кон мрежа финансирана од инвеститори во Дубаи, која шверцувала дрога од Јужна Америка во Шпанија во контејнери за превоз.

Првите апсења се случиле во март 2025 година, кога еквадорската полиција привела 36 осомничени и извршила рации во околу 50 објекти во земјата, според Цивилната гарда.

Шпанската полиција потоа уапсила осум осомничени во рации во Шпанија, каде што биле запленети 1,15 милиони долари (еден милион евра).

Шверцерите ја криеле дрогата во комерцијална стока испратена првенствено од пристаништето Гвајакил.

Тие користат комерцијални пратки во Европа за да ја сокријат дрогата, често меѓу бананите, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ