четврток, јуни 18, 2026
Дома СВЕТ По катастрофалните украински напади, Москва е пориена со црн дожд – опсадна...

По катастрофалните украински напади, Москва е пориена со црн дожд – опсадна состојба во рускиот главен град /Видео

0
Фото:принтскрин, видео „Икс“, „Вошинтон ај“

По најголемиот украински напад со беспилотни летала од почетокот на војната, во кој речиси 200 беспилотни летала беа испукани кон Москва, делови од рускиот главен град беа покриени со црн, мрсен дожд.

Густи столбови чад се креваа високо кон небото од погодената рафинерија за нафта, а 17 лица беа повредени во московскиот регион, изјави локалниот гувернер Андреј Воробјов, пишува „Би-би-си“.

Жителите на југоистокот од московскиот регион рекоа дека дождот оставил „непријатни црни дамки“ на нивната облека. Московските власти негираа дека станува збор за „дожд од нафта“, но официјалниот градски канал „Телеграм“ ги предупреди жителите на погодениот округ да ги држат прозорците затворени.

На семејствата со деца, стари лица и астматичари им беше советувано веднаш да ја напуштат областа. Руското Министерство за одбрана објави дека речиси 1.000 беспилотни летала и четири украински крстосувачки ракети биле пресретнати и уништени низ целата земја за 24 часа. Нафтен депо беше погодено на југот на Ростовскиот регион, при што загина едно лице.

ИЗДВОЕНИ