петок, јули 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пијан струмичанец запалил оган во дворот: Пожарот се проширил и на улицата,...

Пијан струмичанец запалил оган во дворот: Пожарот се проширил и на улицата, полицијата го уапсила

0

Жител на струмичкото село Габрово бил уапсен откако, под дејство на алкохол, предизвикал пожар во својот двор, кој потоа се проширил и кон улицата на која живее.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 30 јули 2026 година, околу 22 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.К. (63) од Струмица, со престој во селото Габрово.

Полициските службеници го забележале како предизвикува пожар во дворното место, по што огнот се проширил и кон улицата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, а во инцидентот нема повредени лица.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а при мерење со алкотест било утврдено присуство на 2,04 промили алкохол во крвта.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосното документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ