вторник, октомври 6, 2026
Дома СВЕТ Парламентот на Литавнија гласаше за укинување на забраната за распоредување нуклеарно оружје

Парламентот на Литавнија гласаше за укинување на забраната за распоредување нуклеарно оружје

23

Литванскиот парламент денеска гласаше за укинување на уставната забрана за распоредување нуклеарно оружје на својата територија, во рамките на првото од двете гласања потребни за усвојување на амандманот.

 

Како што денеска објави литванскиот јавен радиодифузер ЛРТ, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја разгледува можноста за воспоставување постојана американска воена база во Литванија.

Ова би претставувало значителна промена во американското присуство во балтичките земји, кое претходно главно се одвиваше преку ротација на трупите, пренесе ЛРТ.

Литванскиот премиер Миндаугас Синкевичиус неодамна предложи неговата земја да ги покрие трошоците за воспоставување на базата, наведувајќи дека Литванија е подготвена „да ги плати сметките“.

Американските сили моментално се распоредени во Литванија на ротациона основа, со контингент кој обично брои околу 1.000 војници.

Се очекува законските измени во врска со забраната за нуклеарно оружје – за чие стапување во сила е потребно двотретинско мнозинство при две парламентарни гласања – да ги укинат ограничувањата воведени пред повеќе од три децении, по одвојувањето на Литванија од Советскиот Сојуз.

Литванија, членка на Европската Унија и на НАТО, се граничи со Русија и со Белорусија, близок сојузник на Москва, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ