понеделник, јуни 29, 2026
Дома СВЕТ Пахлави му порача на Трамп: Не испраќајте мешани сигнали, сега е време...

Пахлави му порача на Трамп: Не испраќајте мешани сигнали, сега е време да го урнете режимот во Техеран

251
Charlie WEIMERS meets Crown Prince of IRAN Reza PAHLAVI
Пахлави, кој генерално го поддржува Трамп, смета дека САД и Израел би требале да продолжат со воздушните и други напади на иранските цели се додека граѓаните на Иран не добијат доволно моќ и да излезат на улиците и да придонесат за уривањето на режимот.
Според него, согласувањето на примирје и преговорите со властите во Техеран претставува мешан сигнал кој може дополнитело да го зајакне иранскиот режим.
„Сега кога имате ранета ѕверка, тоа не е моменет што треба да се пропушти за да се заврши работата“, рече Пахлави на безбедносниот самит што го организираше „Политико“.

Во интервју за американскиот портал, тој нагласи дека е грешка да се верува дека иранскиот режим може да се убеди да го промени своето однесување.

„Дали треба да ѝ се даде шанса на дипломатијата? Секако дека треба“, рече тој, но додаде дека режимот „по својата природа е неспособен да коегзистира со слободно и демократско општество“.

Пахлави, исто така, оцени дека повремените закани на Трамп за напад врз цивилната инфраструктура во Иран не се корисни, бидејќи тие дополнително го збунуваат самиот ирански народ дали целта на САД е ослободување или штета.

Во последните години, Пахлави се претставуваше како лидер на иранската демократска опозиција и се залага за транзиција кон секуларна демократија, додека некои од неговите поддржувачи го гледаат како иден монарх, според Политико.

Тој тврди дека бил контактиран од околу 50.000 луѓе од безбедносниот и државниот апарат на Иран кои сакаат да пребегнат, иако признава дека многумина чекаат да се развие ситуацијата пред отворено да се изјаснат, додава „Политико“.

Пахлави го повтори своето противење на политичкото насилство и дека режимот се обидува да ја подели опозицијата.

Тој рече дека повеќето Иранци во земјата ги гледаат потезите на САД и Израел како „кампања за ослободување“, а не како непријателство кон народот.

Реза Пахлави беше крунски принц на Иран пред револуцијата во 1979 година, во која беше соборен неговиот татко.

Тој во тоа време беше во САД и оттогаш живее во егзил, главно во областа на Вашингтон, објави „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ