петок, јуни 12, 2026
Дома МАГАЗИН Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Месинџер: Koрисниците пријавуваат проблеми со логирањето

Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Месинџер: Koрисниците пријавуваат проблеми со логирањето

9

Корисници пријавуваат дека Фејсбук во моментов е недостапен, а проблеми има и со услугата Facebook Messenger. Според првичните информации, дел од корисниците не можат да пристапат до своите профили, да ги вчитаат содржините или да испраќаат пораки преку Месенџер.

Потешкотии се забележани и кај другите сервиси на Meta.

Инстаграм засега функционира, но дел од корисниците пријавуваат забавена работа и повремени прекини. Исто така, има различни информации и за Ватсап – кај некои корисници пораките не се испраќаат, додека други велат дека апликацијата работи без проблеми.

Во овој момент не е познато што ги предизвикало техничките проблеми ниту дали станува збор за поширок глобален прекин на услугите на Meta.

ИЗДВОЕНИ