петок, јуни 12, 2026
Дома СВЕТ Аракчи: Мировниот договор помеѓу Иран и САД никогаш не бил поблиску

Аракчи: Мировниот договор помеѓу Иран и САД никогаш не бил поблиску

145
EPA/MARTIAL TREZZINI

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека мировниот договор меѓу Иран и САД „никогаш не бил поблиску“.

Во објава на платформата X, Аракчи им порача на медиумите да „се воздржат од шпекулации за содржината“ на договорот, откако иранските медиуми објавија наводни детали за меморандум меѓу САД и Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека информациите објавени од иранските медиуми за содржината на евентуалниот договор меѓу САД и Иран се лажни, наведувајќи дека пишувањето на медиумите „нема никаква врска со условите што беа договорени“.

ИЗДВОЕНИ