Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска соопшти дека немало разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
– Ова е најјасен пример за квалитетот на информациите што неодамна се објавуваат дури и во прилично угледни весници. Ова е целосно лажно. Ова е чиста фикција, ова е едноставно лажна информација – рече Песков, пренесе РИА Новости.
„Вашингтон пост“ во неделата, повикувајќи се на повеќе извори, објави дека Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател.
Весникот наведува дека двајцата лидери разговарале во четвртокот и дека тоа е нивен прв телефонски разговор по победата на Трамп на изборите, а една од темите на разговорот била војната во Украина.
Според изворите, Трамп му се јавил на Путин од неговото одморалиште на Флорида и за време на разговорот го повикал да не ескалира конфликтот со Украина.
Според извори на Вашингтон пост, кои сакале да останат анонимни, Трамп го потсетил Путин на силното американско воено присуство во Европа.