понеделник, септември 21, 2026
Дома СВЕТ Откриена масивна топла струја во Арктикот: Феномен долг 1.000 километри го топи...

Откриена масивна топла струја во Арктикот: Феномен долг 1.000 километри го топи мразот и ја менува климата

56

Руски научници открија нова топла површинска струја во водите на Баренцовото и Карското Море, која влијае врз создавањето и топењето на ледената покривка во подрачје сè поважно за поморскиот сообраќај, соопшти Руската научна фондација.

Струјата „Келдиш“, именувана по рускиот научно-истражувачки брод „Академик Мстислав Келдиш“, пренесува големи количества топла и солена вода од Атлантскиот Океан во рускиот дел на Северниот Леден Океан, силно влијаејќи врз сезонското топење и замрзнување на мразот на површината на морето.

Анализата на податоците собрани за време на 25 експедиции во текот на 30 години покажува дека струјата извира северно од архипелагот Нова Земја и се движи кон североисток, до Лаптевското Море, на потег подолг од илјада километри. Широка е од 50 до 100 километри, а длабока од 50 до 100метри.

Поврзаните аномалии се забележуваат во текот на целата година, заклучија руските научници, истакнувајќи дека овој природен феномен мора да се земе предвид при проценката на променливите услови во ледената покривка на рускиот Арктик.

ИЗДВОЕНИ