вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Ништо од преговорите во Пакистан: Делегацијата на Трамп дури и не пристигна,...

Ништо од преговорите во Пакистан: Делегацијата на Трамп дури и не пристигна, иранскиот министер за надворешни работи го напушти Исламабад

411

Обидите за одржување преговори за прекин на огнот меѓу САД и Иран не успеаја откако највисокиот дипломат на Иран го напушти Пакистан, а претставниците на претседателот Доналд Трамп не отпатуваа во Исламабад по негова наредба.

Претседателот на САД рече дека сега е ред на Иран.

„Ако сакаат да разговараат, сè што треба да направат е да се јават!!!“, рече Трамп на социјалните медиуми, објави „Кликс“.

Разговорите требаше да следат по историските разговори лице в лице претходно овој месец помеѓу американската делегација, предводена од потпретседателот Џ.Д. Венс, и иранската делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамед Багер Калибаф.

Но, иранските власти се прашуваат како можат да им веруваат на САД откако американските сили започнаа блокада на иранските пристаништа како одговор на контролата на Иран врз Ормутскиот теснец.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, го напушти пакистанскиот главен град во саботата навечер, изјавија за АП двајца пакистански функционери, кои побараа анонимност бидејќи не беа овластени да зборуваат со медиумите.

Потоа Арагчи отпатува за Оман, преку Ормутскиот теснец, земја која претходно посредуваше во мировните преговори. Тој рече дека ќе се врати во Пакистан во недела пред да се упати кон Русија, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.

„Ја изложивме позицијата на Иран за функционална рамка за траен крај на војната против Иран. Останува да се види дали САД се навистина сериозни во врска со дипломатијата“, рече Арагчи на социјалните мрежи за своите разговори во Пакистан, кои ги опиша како преглед на црвените линии на Иран за преговори.

Во меѓувреме, второто примирје – меѓу Израел и поддржаната од Иран либанска милитантна група Хезболах – исто така беше потресено во саботата, кога двете страни разменија оган, при што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската „со сила да ги нападне целите на Хезболах во Либан“.

Трамп минатата недела објави неопределено продолжување на примирјето со Иран. Поголемиот дел од борбите престанаа, но економските последици растат два месеци по почетокот на војната, бидејќи глобалните залихи на нафта, течен природен гас, ѓубрива и други стоки се нарушени поради речиси целосното затворање на Ормускиот теснец.

ИЗДВОЕНИ