среда, јули 8, 2026
Дома СВЕТ Откако Трамп повторно го спомна на самитот на НАТО: Премиерот на Гренланд...

Откако Трамп повторно го спомна на самитот на НАТО: Премиерот на Гренланд му порача на Вашингтон – нашата земја не е на продажба

0

Гренланд не е на продажба, изјави денес премиерот на арктичкиот остров Јенс-Фредерик Нилсен, откако американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање за преземање контрола врз територијата за време на самитот на НАТО во Анкара.

„Гренланд не е на продажба. Честите повици за преземање или контрола врз нашата земја не го менуваат тоа“, напиша Нилсен во објава на „Фејсбук“, објави „Танјуг“.

Еден ден откако Трамп го повтори своето барање САД да ја преземат контролата врз Гренланд, данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави дека Данска сè уште води дипломатски преговори со Гренланд и САД, но дека исходот од преговорите сè уште не е познат.

Трамп претходно рече дека Гренланд треба да биде под контрола на САД, а не на Данска, и оцени дека спорот околу Гренланд ги оштетил односите меѓу САД и НАТО.

„Тоа е она што ги оштети моите односи со НАТО, бидејќи Гренланд не е добар за Данска“, рече Трамп, истакнувајќи дека Данска не инвестира доволно пари за всушност да му помогне на Гренланд, иако е „опкружен со кинески и руски бродови“.

Претходно денес, норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик изјави дека сојузниците кои ги следат активностите на Русија на далечниот север веќе спроведуваат конкретни мерки за безбедноста на Арктикот, поточно на Гренланд.

ИЗДВОЕНИ