Осуммина повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Тетово

195

Вечерва во 20:05 часот на патот Гостивар – Тетово после клучката „Камењане“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со австриски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, информира МВР

Во незгодата со повреди се здобиле осум лица кои со возила на итна медицинска помош се пренесени во Клинички центар Тетово.

Поради вршење на увид, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

ИЗДВОЕНИ